Ленче Куќиќ и Бејхан Рамов ја однесоа победата во „Никогаш не е доцна“

Вчера се одржа финалето на „Никогаш не е доцна“.

Во четвртата сезона на тален шоуто „Никогаш не е доцна“победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ.

Бејхан ја однесе победата од гласовите на публиката со вкупно, а наградата му ја додели Лепа Брена. Во финалето, настапуваше и една од омилените кандидатки Ленче Кукиќ која се претстави со песната „Лепи мој“ од Снежана Ѓуришиќ.

ADVERTISEMENT

Ленче однесе две победи во регионалното музичко шоу, односно победа од „Фејсбук“ гласачите и победа од гласовите на жирито, а наградата и ја додели Драгана Мирковиќ.

Покрај претседателот Саше Милошевиќ Маре, жирито го сочинуваа: Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Драгана Мирковиќ, а гласаа по стариот евровизиски систем. Преку телефонско вклучување во текот на финалето гласаа и актери, пејачи, композитори, кои беа дел од шоуто во изминатата четврта сезона на „Никад није касно“.

Facebook Comments
(Visited 3.379 times, 1 visits today)