Ленче и Горан Кукиќ заедно со маестро Горан Алачки приредија незаборавна вечер во село Гари
Настан во чест на Петре Гарката
Поранешната водителка Марина Дочјиновска нa својот Фејсбук сподели неколку интересни моменти од овој викенд.
Имено, во селото Гари во чест на копаничарот Петре Филиповски Гарката беа одбележани 170 години од неговата смрт.
Настанот се одржа во црквата „Пресвета Богородица“ во која Горан Алачки имаше заеднички настап со Ленче и Горан Кукиќ.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Неколку детали од атмосферата сподели и водителката Марина Дојчиновска на својот профил на Фејсбук.
Таа сподели и неколку снимки од кои може да видиме како маестро Алачки заедно со брачниот пар Кукиќ изведоа стари македонски песни и им приредија незаборавна вечер на присутните.
Фејсбук/ Шеф Марк
Потсетуваме, Петре Филиповски со прекар Гарката бил еден од најистакнатите претставници на мијачката резба.
Фејсбук/ Шеф Марк
Тој потекнува од родот Филиповцки од с. Гари во Мала Река. Бил роден во село Гари во 1780-тите, а починал во Крушево 1854 година.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Негово дело се иконостасите во црквите на Лесновскиот и Бигорскиот манастир, потоа црквата Св. Спас во Скопје и црквата Св. Ѓорѓи во Призрен. Покрај овие иконостаси, денес се смета дека соработувал и при изведбата на иконостасот на црквата Св. Богородица во Скопје, потоа во Рилскиот манастир, црквата Св. Благовештение – Прилеп, а негово последно остварување бил иконостасот во црквата Св. Никола во Крушево, која била запалена 1903.
„Вчерашниот ден ќе остане да се памти… Гари празнуваше во чест на Петре Гарката! Возвишено звучеа Маестро Алачки, Ленче и Горан Кукиќ! Ели Танасковска не разгали со беседата за мојот прадедо Гарката! Им благодарам од срце, во име на сите Гарци!“, напиша Марина под фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи.