Ламбе Алабаковски и сопругата Магдалена СПОДЕЛИЈА ПРЕУБАВА ВЕСТ – пристигнуваат честитки од сите страни
Познатиот македонски пејач и неговата понежна половина прославија десет години љубов
Сопругата на Ламбе Алабаковски е вистинска убавица, а пејачот сега покажа како изгледале за свадбата.
На почетокот на 2000-те, Ламбе беше во екот на популарноста, а неговите песни веднаш станува хитови.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Каде и да настапуваше, Ламбе ги полнеше салите, а девојчињата чекаа во редици да се фоторафираат со него.
Момчето кое кршеше женски срца и беше симпатија на многу девојчиња во земјава, се претвори во зрел маж, кој успешно чекори низ животот.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Поради љубов одлучи да си замине од земјава, а кариерата ја стави на пауза.
Во 2013 година стапна на „лудиот камен“ заедно со неговата избраничка Магдалена.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Магдалена по потекло е од Битола, а пред да се омажи за ламбе живеела во САД.
Токму поради неа и тој ги спакува куферите и замина во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Круна на љубовта на Ламбе и Магдалена се нивните два сина, Михаил и Дмитриј.
Магдалена и Ламбе се вратија да живеат во Македонија, а пејачот повторно се врати на музичката сцена.
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
Активен е и на социјалните мрежи, каде сега сподели фотографија од нивната свадба, по повод годишнината од брак.
Ламбе и Магдалена се венчале во Бигорскиот манастир, каде пејачот вушност и ја запросил својата сакана.
Погледнете повеќе нивни заеднички фотографии:
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски
ФОТО: Инстаграм / Ламбе Алабаковски