Реклама
Наши ѕвезди

Куќата на познатата македонска пејачка како од разгледница, погледнете го огромниот базен во дворот (фото)

Пејачката Сара Мејс покажа како ужива покрај базенот во дворот од својата куќа во шик костим за капење

Реклама

Познатата македонска пејачка Сара Мејс реши да го искористи убавото време и да се релаксира покрај базенот во својот дом.

Таа позираше во своите нови два модели на костими за капење и никого не остави рамнодушен со својот изглед.

Маркетинг

Пејачката сподели на Инстаграм неколку снимки на кои покажа како ужива во дворот од својата куќа во Пинтија.

Маркетинг

Таа позираше покрај големиот базен, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело кое Сара и по две бремености го одржува во топ форма.

Впрочем тоа можеше да се забележи и во нејзиниот нов спот „Фреквенција“ кој исто така изобилува со провокативни сцени.

Повеќе од очигледно е дека Сара води сметка за својот изглед, a како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, по бременоста со Илина покрај активниот живот, успеала да ослабне и благодарение на редовните козметички третмани, масажи и секако, внимавање во исхраната.

Како Сара изгледаше и во својот најнов спот и зошто оваа мама знае како да го збудали мажите, погледнете во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button