КСЕНИЈА со моќна порака што секој треба да ја прочита-Младата писателка славеше роденден, во прекрасен кремаст аутфит
Нејзините мисли се вирални , девојките и жените ги споделуваат секојдневно.
Популарната авторка и инфлуенсерка Ксенија Николова стана омилена помеѓу и корисниците на социјалните мрежи , бидејќи отворено зборува за сите нејзини случувања.
Таа ова поврзување со публиката во виртуелниот свет го започна откако почна да зборува јавно за депресијата.
Впрочем, не се срамеше да каже дека таа минала низ депресивен период и да сподели со што сè се соочувала. А, со тоа да им помогне и да ги охрабри и останатите жени кои се на истиот пат дека не се сами.
Во последно време јавноста е запозната со тоа дека Ксенија се обидува да се изреализира како мајка. За сите премрежја што ги поминува за најпосакуваната желба да стане реалност таа ги споделува со нејзините следбеници на инстаграм . Никогаш нема доза на разочарување ,по секој пораз таа продолжува упорно да се онидува.
Нејзините мисли се вирални , девојките и жените ги споделуваат секојдневно.
Авторката има зад себе неколку романи кои се хит овде, но популарни и надвор.
Младата писателка вчера славеше роденден.
Со фановите сподели роденденска фотосесија во која таа е облечена во прекрасен кремаст комплет.
35-годишната Ксенија Николова на објавата напиша порака која секој од нас треба да ја прочита.
Која сум јас на овие 35 години?
Изминатава година беше turning point за мене на многу полиња. Си дозволив да пораснам на приватно и професионално поле и да продолжам да растам заедно со сите шанси што животот ми ги пружа. Тоа ме научи многу, но истовремено сфатив дека некогаш да знаеш повеќе може да биде и помалку тажно, особено кога истото се претвора во носење некои конечни одлуки. Сепак, кога би можела да бирам, сакам да бидам во допир со себеси и својата потсвест, да ја знам вистината и исклучиво за неа да живеам.
Подолу таа пишува за тоа дека чувствува некое ослободување додека го пишува ова.
Не можам да ви опишам колку поинаку и посебно се чувствувам додека го пишувам ова, некој интересен танц се случува во мојата душа и знам дека тоа е знак дека некои врати засекогаш ќе ги затворам, зашто ме чекаат оние кои допрва треба да ги отворам.
Ако можам со еден збор да ја опишам својата личност сега, тогаш тоа дефинитивно би било зборот ОДЛУКА.
Можеби секој од нас на секој роденден треба да се запраша што научив за една година? Еве како продолжува пораката на Ксенија понатаму.
Научив да носам добри одлуки за себеси. Научив да воочам дека сум донела погрешна одлука и истата грешка да не ја повторам. Умеам да разликувам што е моментално добра одлука, а што добра одлука на долги стази.
Еднаш некој ми кажа дека добриот живот е збир од добри одлуки. Да, но тоа не значи дека немаш право на грешка, секако дека имаш. Важно е да ја препознаеш таа грешка, да се исправиш пред неа и да ја претвориш во добра одлука.
Но, не постои човек кои не греши, па затоа писателката посчува како треба да се однесуваме со сопствените грешки.
Грешките не нѐ дефинираат, ама можат да нѐ проголтаат, затоа треба да имаме храброст и смелост да ги надраснеме.
Има една добра мисла „кога животот нешто не ти дава, подготви се да добиеш повеќе од што си побарал.”
И за крај, една искра надеж…
Знам дека е така и знам дека животот веќе некое време, буквално ме чека седнат на една клупа, ме гледа и ми повторува – „не знам уште што треба да се случи за да сфатиш дека ова не е за тебе.”
Знам животе, фала ти на трпението, на здравјето и што ме чуваше како и секогаш, ти ветувам дека оваа година нема да ме гледаш како тапкам во место, туку заедно ќе танцуваме на некоја супер фраерска песна, јас, ти и мојата иднина. И замисли, ништо од тоа нема да биде ниту договорено, ниту планирано. Едноставно ќе се случи, пишува Николова.
Среќен роденден Ксенија!
Во продолжение уште неколку убави цитати на Ксенија Николова: