Ксенија Николова со трогателна порака по петтото неуспешно ин витро: Уморна сум од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава!
Писателката се огласи по петтото неуспешно инвитро...
Ксенија Николова е млада, успешна, талентирана, која во тинејџерските години ја запознавме во телевиското шоу „Бејби шоу“, сега веќе изградена личност.
-Таков е животот со анксиозноста, – само поради тоа што животот повеќе никогаш нема да биде ист, не значи дека нема да биде убав, рече Ксенија во една прилика за борбата со анксиозноста.
Таа отворено зборува и за борбата за потомство.
По петтото неуспешно ин витро, Ксенија се огласи на Инстаграм и упати моќна порака до сите кои се соочуваат со истиот проблем.
-Драги мои, ја направив оваа слика пред две недели, чекајќи да се случи уште еден обид. Петка со раката, си реков можеби е успех. За жал и овој обид беше неуспешен. Тоа е болно, тешко и неверојатно мачно да се прифати но јас сакам да го споделам ова со вас, за да ви посочам нешто што сфатив вчера, кога повторно по навика голтав лоши вести. Уморна сум, уморна сум од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава. Не знам зошто е тоа така, можеби треба нешто да се измени, да биде поинаку, може не евистинското време, не е вистинското место. Но сигурна сум дека Бог го знае патот најдобро, сигурна сум дека тој има поголем план за целата оваа ситуација. Затоа против Божјата волја не треба да се оди никогаш, да се помириме со реалноста, за да ја промениме и добиеме нова реалност, напиша Ксенија на својот Инстаграм профил и доби низа пораки за поддршка.
фото фејсбук/Ксенија Николова