Реклама
Наши ѕвезди

Кристина Арнаудова доживеа тpaгедиja, изгуби важна личност: „Денес за последен пат ја гушнав и ја испратив жената која ме одгледа“

Реклама

Македонската пејачка доживеа голема трагедија, па скршена од болка се огласи на социјалите мрежи.

Пејачката Кристина Арнаудова, ќерка на легендарниот пејач на фолк музика Гоце Араудов, го аследи неговиот талент за музика. Долги години таа е дел од македонската поп сцена и е една од најуспешните.

Маркетинг

Кристина е една од ретките која може да се пофали со неколку безвременски хитови.

Во 2015 година, Кристина го основаше здружението „Проект Среќа“, здружение кое се бави со подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и децата со помалку можности.

Маркетинг

Потоа Кристина во склоп на ова здружение го отвори и првото бесплатно училиште за музика и уметности за деца во социјален ризик „Гитари Дирки и Свирки“ кое се наоѓа во Скопје, а исто така го отвори и Детското Драмско Студио „Неверленд“ за деца во социјален ризик, кое е исто така бесплатно.

Првиот контакт со микрофонот Кристина го имаше на своја четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм

Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка, порасната од нејзината мајка.

Никогаш од јавноста не криеше дека не е во добри односи со нејзиниот татко.

Таа е негово вонбрачно дете. Во едно од своите интервјуа има кажано дека нејзината мајка ја родила кога имала 19 години и е најзаслужна што останала да расте со неа, бидејќи целото семејство инсистирано Кристина да биде дадена во дом.

Таа сепак не чувствува гнев. Често изјавуваше дека татко ѝ е најдобар пејач во својата бранша.

Кога згасна животот на нејзиниот татко, таа рече дека жали што никогаш не го испеале дуетот за кој долго се договарале. Дека крвта не е вода, докажуваат и нејзините објави на социјалните мрежи, посветени на нејзиниот татко.

Кристина е во добри односи со својата сестра Харита, која пак има само убави спомени поврзани за нејзиниот татко. Оскар е единствениот син на Гоце, кој никогаш не се експонирал во јавноста.

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм

Инаку, Кристина деновиве доживеа голема тpaгедија.

Таа ја изгуби својата баба – жената за која вели дека е заслужна голем дел за нејзиното воспитание.

Арнаудова преку социјалните мрежи и фотографиите полни спомени се прости од нејзината баба – проф. Ристенка Манчева.

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

– Денес за последен пат ја гушнав, и ја испратив, баба ми…. Проф. Ристенка Манчева, жената која ме одгледа, ме учеше, жената која зборуваше 7 јазици, која сакаше да патува, пишува поезија, и да учи постојано…

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

„Имаше неверојатен живот, беше неверојатна жена, целиот живот посветена на науката и јазиците…Тогаш беше најжива, кога го пренесуваше знаењето. Секогаш ќе живееш во мене, бидејќи беше голем дел од мене и од тоа што сум денес….многу ќе ми недостигаш.. А сега патувај, летни, во светлината….. По-чивај во мир“, стои во емотивната објава на Арнаудова што ја напиша на социјалните мрежи.

 

Кристина инаку долги години е во брак со сопругот Александар. Плод на нивната љубов се нивните двајца синови, Максим и Матео.

Таа во интервју за Гламур откри колку ја има променето мајчинството и што ја прави горда мајка.

Мајчинството е најубавата и најтешката работа во исто време…Менува доста….јас станав многу емпатична, сосема несебична, од тој момент веќе никогаш не сте вие на прво место, можеби за жал, но тоа станува нормално….

Не знам, мајките се горди на се, најмногу сум горда што се деца полни со љубов, културни и љубезни со другите, што секојдневно си кажуваме по сто пати дека се сакаме…А среќна сум и благодарна што се добри, здрави живи и ништо повеќе не барам, кажа Кристина.

Таа истакна дека се труди хуманоста да им ја пренесе и на своите деца, а исклучително ја радува тоа што постариот син веќе почнал да свири гитара, што значи дека најверојатно ќе тргне по стапките на мама.

– Нека се тие здрави и живи па каде ќе ги однесе патот јас ќе бидам тука и ќе им чувам грб, ако има потреба некогаш, кажа Кристина.

 

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

 

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

 

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Фејсбук

 

 

ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм
ФОТО: Кристина Арнаудоа / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button