Кристален лустер и раскош на сите страни – ѕирнете во топлиот дом на Лила, овој детаљ ќе ве изненади
Еве како и со кого водителката го започнува својот ден

Популарната водителка Лила Филиповска на својот Инстаграм сподели неколку фотографии направени во нејзиниот дом.
Водителката деновиве се најде во центарот на вниманието со видеото што го сподели, а на кое е со колегата Спасе Јовановски.
Тие се снимаа во креветот во спалната собра, како да воделе љубов, а снимката веднаш стана вирална и ги насмеа сите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но покрај ова видео, Лила објави и неколку фотографии со кои покажа како изгледа нејзиниот луксузен дом.
Инстаграм/ Лила Филиповска
На една од овие фотографии се гледа како водителката одмара на својата софа, а нозете и ги грее нејзината мачка.
„Доаѓа период од годината кога ќе се топлиме гушкајќи се“, напиша Лила во описот на фотографијата со коа што ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, водителката на својот Инстаграм често споделува снимки кои што се направени во нејзиниот дом.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Од овие објави може да видиме дека Лила луксузно го средила целиот простор, од мебелот до декоративните детали.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа од терасата има преубав поглед, а Лила често го покажува и својот гардеробер полн со брендирани модни парчиња.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Како изгледа и софистицирано уредената кујна на нашата позната водителка погледнете во продолжение….