Едноставна и совршена елеганција
Јорданската кралица Ранија има беспрекорен стил, а тоа можевме да го забележиме и овој пат кога во палатата Басман каде им се обрати на присутните да работат за добросостојбата на заедницата во која што живеат, се појави во софистицирано издание со кое го одзема здивот. Таа носеше долг бел фустан од лен и памук зачинет со суптилен каро дезен и со потписот на американскиот бренд „Hellessy“. Горниот дел е со јака и големи, нагласени ревери, додека здолништето се состои од величествени карнери кои се косо нашиени.
Јорданската кралица фустанот го носеше со црн ремен од платно, шпиц црни салонки со високи потпетици и црна чанта од „Louis Vuitton“, а не претера ни во бјути сферата користејќи поблаги нијанси на руменило во боја на праска и истакнувајќи ги очите со „smokey eye“ техника.
Па, дали ви се допаѓа кралицата во ова летно издание?