Една од најдобро облечените дами со адреса на живеење во кралскиот двор е секако и шпанската кралица Летиција.
Нејзините комбинации редовно ги воодушевуваат и инспирираат жените од цел свет, особено затоа што се во чекор со најновите трендови, но и затоа што многу често го комбинира скапиот дизајн и прифатливите парчиња од популарните хај-стрит продавници кои може да си ги дозволиме и ние, „обичните смртнички“. И тоа го прави на поприлично симпатичен начин и во издание на кое едноставно не можеме да му одолееме.
Со оваа нејзина генијална формула, исто така, Летиција се послужи за да го направи и нејзиниот последен стил. Кралицата на церемонијата организирана од една компанија која го промовираше својот годишен програм за интернационални стипендии беше облечена во изненадувачки поволен и прекрасен син фустан-комбинезон со долги ракави, карнери и широк плисирани панталони со должина која досега малку под колената.
Во прашање е комбинезон од Зара (кој за жал е распродаден) и чија оригинална цена беше нешто повеќе од 50 долари, но со оглед на тоа дека кралицата прв пат го облече дури сега, светските модни магазини претпоставаат дека го купила на попуст за само 20 долари. Поволниот фустан-комбинезон кој на половината има црна марама како ремен го носеше со црна плико чанта од крокодилска кожа и сини салонки.
Па, дали ви се допаѓа Летиција во ова издание?