Кој ќе се осмели после пандемијата: Италијански остров ќе им плаќа на туристите за да дојдат ова лето
Сицилија се обидува да привлече странски посетители на островот откако завршија мерките за самоизолација на 4. мај.
Понудите, кои први ги објави Тајмс, ќе бидат достапни на туристичкиот веб сајт на островот.
На секои три ноќи престој во хотел, Сицилија ќе покрие една од нив, заедно со музејски и археолошки влезници.
На островот има голем број археолошки локалитети кои сведочат за нивната богата историја, а влезниците се со изедначена цена од 10 евра. Љубителите на уметноста можат да погледаат и некои од сликите на големите ренесансни сликари во некои од музеите во Катанија, Сиракуза или Палермо.
Владата ќе користи 50 милиони евра за финансирање на оваа програма, додека загуби од милијарда евра се пријавени во март и април.
Остатокот на Италија ги разгледува начините како повторно да ја покрене туристичката индустрија што три месеци откако беше едно од најголемите жаришта на коронавирусот во Европа.