Кој не се плаши може да летува во Италија: Овој остров нуди бесплатен лет и сместување за да ги врати туристите
Најголемиот италијански остров нуди плаќање на половина авионска карта, како и ноќевање во хотел и влезници за атрактивните локации, само да ги поттикне туристите да дојдат.
Сицилија се обидува да ги привлече странските посетители на островот откако мерките за самоизолација завршија на 4. мај.
Понудите, кои првпат ги објави „Тајмс“, ќе бидат достапни на туристичкиот веб сајт на островот.
На секои три ноќи престој во хотел, Сицилија ќе покрие една од нив, заедно со музејски и археолошки влезници.
Владата ќе користи 50 милиони евра за финансирање на оваа програма, додека загуби од милијарда евра се пријавени од март и април.
Другиот дел од Италија разгледува начини како повторно да ја покрене туристичката индустрија откако стана едно од најголемите жаришта на коронавирус во Европа.