Кој и прави друштво на Лила во луксузниот хотел во Турција? Водителката ужива, ова е одмор од соништата!
Лила ги спакува куферите и замина во Турција, па го покажа луксузниот хотел во кој ќе ужива...
Наоколу само гламур и луксуз.
Најпознатата македонска водителка Лила Филиповска ги спакува своите куфери и отпатува да се одмори неколку дена во Турција, а на социјалните мрежи покажа како изгледа луксузниот хотел во кој што е сместена и во кој ќе ужива за „сите пари“.
Водителката најпрво ја покажа собата во која што ќе престојува, а потоа и луксузните детали во хотелот.
Во прашање е хотелски комплекс со пет ѕвездички, кој се наоѓа во едно од најпознатите места во Турција.
Имено, хотелот е во Бодрум и важи за еден од најубавите комплекси на ова место, а често го посетуваат и туристи од Македонија.
Од објавите на Лила можеме да видиме дека изгледа спектакуларно, но и со кого таа ужива на ова свое патување.
Имено, со Лила е и нејзиниот колега Спасе Јовановски кој во еден момент ја изненади со колаче, но и го покажа луксузниот базен што водителката го има во својата соба.
Како што може да се види од објавата, Лила има пристап до базенот директно од својата спална соба.
Водителката облечена во бањарка „кулира“ покрај базенот пиејќи си го утринското кафе и уживајќи во прекрасниот поглед.
Како таа изгледаше во ова свое издание, погледнете во галеријата што следува во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска