Кој е Мики Секуловски приватно и зошто сите го сакаат – „Келнерот од Белгија“ со кого и Цеца се гордеее
Беше келнер во Белгија, но се врати и сега е финалист во најгледаното шоу на Балканот!
Вечерва е големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ кога дваесет финалисти ќе се борат за победа во ова популарно шоу.
Еуфоријата пред финалето е веќе започната, што може да се забележи и по профилите на Инстаграм на натпреварувачите.
Тие веќе неколку денови наназад ги повикуваат своите фанови кога ќе започне гласањето да гласаат за нив, откривајќи го својот реден број, но и потсетувајќи ги дека победникот ќе го избере публиката.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Меѓу најпопуларните финалисти во моментов е Мики Секуловски, кој вечерва и ќе го отвори финалето.
Шармантниот велешанец ќе настапи прв во финалето, а неговите обожавателки очекуваат тој и вечерва да „растури“.
Принтскри/ Јутјуб, Цеца шоу
Мики има 37 години и е музички образован, а пред да се пријави во шоуто некое време работеше како келнер во Белгија.
Тој има дипломирано оперско пеење во Софија, а во нашата земја стана познат по првиот „Македонски идол“ кога за многу малку му избега победата, но и кога неговиот талент беше препознаен од публиката.
Тој по ова шоу сними и неколку песни, но како што самиот изјави во една пригода, заради семејни проблеми заминува во странство.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Останав таму пет години затоа што морав да останам“, истакна Мики во една пригода за Гранд, не сакајќи да открива повеќе детали.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Но тој не крие дека во Белгија работел како келнер и дека тоа за него воопшто не е понижувачки, како што коментираат некои, покажувајќи ја својата скромност и големина како човек, но и решителност повторно да застане пред камерите и да го покаже најдоброто од она што го знае.
Тој се враќа во Македонија и се пријавува во најгледаното музичко шоу во регионот и уште со своето прво појавување остави силен впечаток кај публиката, но и кај припадничките на понежниот пол.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Впрочем од него беше воодушевена и Светлана Цеца Ражнатовиќ која го сакаше и го доби во својот тим, а за која Мики откако се запозна со неа, има само пофални зборови.
Што се однесува до неговиот емотивен статус, Мики во една пригода откри дека се уште не е оженет и дека е слободен, а повеќе детали од неговиот приватен живот можете да прочитате и на следниот линк: „Еве како изгледа куќата во која живее Мики Секуловски – пејачот конечно откри и дали има девојка“ (види тука).
Потсетуваме, вечерва е големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ во кое покрај Мики Секуловски од Македонија ќе настапат и две феноменални пејачки, Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Победникот ќе се избира со помош на гласовите од публиката, а гласањето ќе започне во текот на емисијата.
Па, кој од кандидатите е вашиот фаворит?