Реклама
Наши ѕвезди

Кој беше скопскиот боем кој го расплака регионот? По овие емотивни настапи ќе го памтиме засекогаш (видео)

Оваа песна од Џеј најдобро го опишуваше неговиот живот

Реклама

Починатиот Горан Станковиќ од Скопје ќе стане запаметен по своите емотивни настапи во „Никогаш не е доцна“.

Познатиот скопски боем и поранешен ракометар во ова шоу никого не остави рамнодушен со своите настапи, а по една негова емотивна изведба и самиот не можеше да ги задржи солзите.

Горан за песната на Џеј Рамадановски, „Зрно мудрости“, зборуваше дека како да е пишувана според неговата биографија, а сонот му се исполни кога на грандиозната сцена настапи заедно со неговата ќерка Драгана кја му е најголема поддршка во животот. Горан заради неа и се расплака додека пееја, но и по настапот, додека даваше интервју.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Најголема среќа за човек е кога ќе го види своето дете пред себе како ќе земе микрофон, и кога ќе потсети на родителот.

Маркетинг

„Таа до срце и душа прифати со мене да настапи и јавно се заблагодарувам заради тоа. Ќерка ми од мене направи да бидам еден горд татко“ изјави тогаш во интервјуто за Гранд починатиот пејач.

Овој негов настап важи за еден од најемотивните во популарното музичко шоу за ветерани, а ништо помалку впечатливо не беше и неговата изведба на песната на Џеј Рамадановски, со која посебно го воодушеви познатиот фолк пејач Саша Матиќ.

Горан има неверојатна енергија. Ако ги земеме во предвид годините што ги има, можеме да кажеме дека тукушто почнавме, нели? Го праша тогаш Матиќ, а Станковиќ се согласи дека неговото време допрва доаѓа.

Тој успеа да го расплаче и Жика кога ја пееше емотивната балада од Здравко Чолиќ „Као моја мати“, а Маре му коментираше:

„Ја пееше оваа песна барем за две жени“, коментираше тогаш Саша Милошевиќ Mаре воодушевен од неговата изведба.

Инаку, Горан почина на 9 јули, а неговите најблиски и пријатели се уште не можат да поверуваат дека тој повеќе не е тука со нив.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тој почина на 50 годишна возраст, а во Македонија ќе остане запаметен и како поранешен ракометар и ракометен работник.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Долги години беше дел од Јуниор Кисела Вода, а претходно ги најавуваше натпреварите на Металург во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски“.

Неговите легендарни коментари особено во натпреварите во ЛШ, кога им даваше дополнителна мотивација на многу ракометари, како и на навивачите на трибините.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button