Која од која поубава, и двете изгледаа како принцези – снаите на Брена БЛЕСКАА во гламурозните фустани на роденденот на Анастасија
Александра и Сандра го украдоа шоуто
Пејачката Лепа Брена може да се пофали дека има неверојатно убави снаи. Многу пати досега сме имале прилика да видиме дека се во одлични односи бидејќи заеднички го минуваат времето во семејното опкружување, а сега заедно се појавија и на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ.
Александра Пријовиќ и Сандра Миљаковиќ покрај тоа што имаат заедничка свекрва, тие имаат и заедничка пријателка, која исто така е пејачка – Анастасија.
Тие со своите партнери, Филип и Виктор Живојиновиќ, пристигнаа во луксузниот ресторан на роденденската прослава.
На роденденот на наследничката на Цеца Ражнатовиќ имаше и други познати личности, но овие две дами дефинитивно беа меѓу најубавите.
Црнката и русокосата изгледаа занесно и блескаа во своите гламурозни изданија со кои се пофалија и на социјалните мрежи.
Тие не можеа да останат незабележани во она што го носеа – пејачката „фураше“ нежен, корсет фустан, со кој во преден план го истакна своето тело.
Девојката на Виктор пак избра да носи сребрен фустан со отворен грб со кој во преден план дојде нејзиниот убав тен, но и фантастичната шминка и фризура.
И додека Пријовиќ ги забавуваше гостите, Сандра ги шармираше…
Погледнете уште неколку фотографии од овие две убавици…
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ