Која е убавата Македонка што ја отвори новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ – еве и како помина (видео)
Цеца и Ѓорѓе беа воодушевени од неа
Мирјана Митрева (21) од Кавадарци беше првата натпреварувачка што ја отвори новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа со музиката е од најмали нозе, но со настапите започна од скоро, па решила да си ја проба среќата и во популарното шоу.
Но очигледно дека имаше преголема трема, па успеа да освои само два гласа од жирито и тоа од Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Давид.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна Драган Стојковиќ Босанац изјави дека не гласал за неа затоа што настапила со песни кои досега многу пати биле изведувани од останатите натпреварувачи во претходните сезони.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Беше исплашена во првата песна, во втората беше сосем одлична“, и порача Цеца на Мирјана по нејзиниот настап.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше 21-годишната Мирјана од Кавадарци на грандиозната сцена, погледнете во продолжение…