Која е Ана Стојковиќ, ќерката на легендарниот Пикси, за чија венчавка зборува целиот Балкан?
Еве неколку детали како подобро би ја запознале оваа девојка
Ана Стојковиќ за која деновиве пишуваа речиси сите медиуми во регионот, на социјалните мрежи сподели преубави фотографии од нејзината трета гала венчавка. Таа на Калемегдан во Белград изминатиов викенд трет пат оваа година го кажа судбоносното ДА на еден ист маж, рели возачот, Иго Валенте, па во продолжение прочитајте зошто оваа убава бринета привлекува толку големо внимание.
https://www.instagram.com/p/BjXY92OneD_/?utm_source=ig_embed
Таа е ќерка на легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, Драган Стојковиќ Пикси и мајка на едно девојче по име Индија Роуз, а во странство исклучиво со својата професионална работа и труд успеа да го изгради своето име кое што е познато во модниот свет. Родена е во Франција, студии за моден дизајн студира во Лондон, а последниот семестар го завршува на универзитетот Колумбија во Америка.
https://www.instagram.com/p/BjXEiI0H_y6/?utm_source=ig_embed
Нејзиниот специфичен вкус го стекнува во Токио, градот во кој расте и ја поминува својата младост, а голема вина за нејзината љубов кон модата има и нејзината мајка, Снежана Стојковиќ. На почетокот од својата кариера работи во јапонскиот Вог, еден од најважните модни магазини на светот.
https://www.instagram.com/p/BjAEXc2nUTJ/?utm_source=ig_embed
Денес нејзиниот Инстаграм профил изобилува со оригинални и преубави комбинации кои претставуваат вистинска модна инспирација за дамите од целиот свет.