Кофи со Нутела од 3 килограми кои ги полудеа Американците – „Е од ова би сакал да умрам!“

Корисниците на социјалните мрежи во Америка деновиве открија дека маркетите „Costco“ продава канти со Нутела од 3 килограми, а фотографиите од нивниот омилен крем веднаш ги преплавија Твитер и Инстаграм.

Познатиот американски синџир на продавници Costco“ Нутелата од 3 килограми ја продава по цена од 22 американски долари (нешто повеќе од 1000 денари), што таму отприлика е иста цена како девет обични стаклени тегли од омилениот крем во другите продавници, пишува Thrilist.com.

ADVERTISEMENT

Иако многумина мислеа дека ова е ново откритие, кое го откри познатата интернет страница за најдобри производи (Best Products), во овие маркети Нутела во канти од 3 килограми се продава веќе некое време.

Сепак, обожавателите на овој крем беа возбудени што сега имаат можност да имаат толку голема кофа со Нутела.

Инаку, и во Германија минатата година еден дуќан почна да продава кофи Нутела од 3 килограми за 29.99 евра, така што овие кантички во Европа не се новина.

Па, дали би си купиле

Facebook Comments
(Visited 21 times, 1 visits today)