Реклама
Шопинг

Костимот за капење на Маргот ова лето ќе биде вистински хит

Реклама

Холивудската актерка прв пат е на Филмскиот фестивал во Кан

И откако доминираше на црвениот килим на премиерата на новиот филм, холивудската актерка Маргот Роби подеднакво го привлече вниманието и еден ден подоцна кога во едноделен модел на костим за капење ја покажа својата феноменална линија. Костимот за капење што го носеше ќе биде вистински хит ова лето, па во продолжение ќе ви претставиме неколку слични модели какви можат да се најдат и во нашите продавниците.

Маркетинг

Шармантната Маргот Роби (28) го искористи убавото време и француските плажи за бањање, а модните гуруа од целито свет не можат да престанат да зборуваат за нејзините папарацо фотографии поради костимот за капење со кој наговести еден од најголемите трендови за ова лето.

Маркетинг

Едноделните костими за капење и претходната сезона го најавија своето враќање на сцената и станаа избор што се наметнува пред класичните бикини и дводелните модели за на плажа. Познатата холивудска актерка носеше едноставен едноделен модел во бела боја кој се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд за ова лето.

Во прашање е модел од брендот „Myra“ кој доаѓа со цена од 125 долари и кој може да го задоволи вкусот на секоја дама.

И додека моделот што го носи убавата Маргот нема постава за гради (што е очигледно и од фотографиите), некои костими во понудата доаѓаат со постава со која нема да покажете повеќе отколку што сакате.

Albus Lumen, 90€

Едноделните модели со причина станаа омилен избор за на плажа – стојат убаво на секој облик на тело и ја прикриваат критичната зона.

Zara

Можат да се носат и во повеќе функции, не само во улога на костим за капење туку и како боди со пократки панталони или здолниште, што исто така е во мода во последните неколку сезони.

Zara
Top Shop, £28
Stradivarius
Solid&Striped, $178

Solid&Striped, $158

Myra, €125

Mango

Asos, £25.31

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button