Костими за капење од кои ќе ви застане здивот, а ги носат манекенки со облини – жените ги обожаваат!
Нова колекција од францускиот бренд „Етам“
Наскоро започнува, за многумина, омилениот период од годината, кога наместо дождливо и тмурно време, ќе му се радуваме на сонцето, легнати на лежалка на некоја плажа, на некое егзотично катче од оваа наша луда планета, и ќе уживаме во нашиот омилен коктел.
Но пред да дојде новата сезона, време е да погледнете што ни нудат познатите брендови кога се во прашање костимите за капење.
Познатиот француски моден бренд „Етам“ кој во фокусот ги става долната облека и костимите за капење, неодамна ја претстави својата нова колекција во гламурозниот Сен Тропе со која ги воодушеви припадничките на понежниот пол од целиот свет.
Во прашање се бикини и едноделни костими за капење во кои секоја дама може да пронајде инспирација за сезоната пред нас.
Моделите се инспирирани од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, а доминираат поинтензивните летни нијанси меѓу кои најзастапени се виолетовата, сината, зелената, но и црната боја.
Интересно е и тоа што овие модели на познатиот француски бренд на модните писти во Сен Тропе беа преставени од жени со различен тип на тело, а како изгледа погледнете во продолжение:
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023
Etam Croisière 2023