Реклама
Вирално

Короната е искористена за богатите да се ослободат од присуството на СИРОМАШНИТЕ – Рамбо со свој став за вирусот и мерките

Реклама

Го прашаа музичарот Рамбо Амадеус што мисли за короната – неговиот одговор ќе ве замисли

Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус

Рамбо Амадеус важи за еден од најцитираните музичари на овие простори. Во едно од неговите последни интервјуа, Антоније Пушиќ зборува за вирусот корона, а за она што го кажа веќе со денови се зборува.

Имено, познатиот музичар од Црна Гора во интервју за „Време“, на прашањето што мисли за короната и дали е загрижен заради целата ситуација, имаше интересен одговор кој веднаш стана вирален.

Маркетинг

Еве го неговиот одговор во целост:

„Ги мразам теориите на заговор, но тие се раѓаат кога во информациите повеќе не можеш да веруваш, а тоа за жал се случува и сега“, започнува Рамбо и продолжува:

„И додека се случуваше онаа ужасна блокада и изолација, на 1 август ми испратија видео снимка од Херцег Нови. Време прекрасно, но никаде нема никој, ни по плажи, ни на крајбрежјето, ни во морето. Само божествен мир. Рај, но некој морбиден рај во кој нема никој. Само милијардерската јахта „American Eagle“ која бесшумно се движи низ Бока, а на него, претпоставувам, Адам и Ева лично, овој пат милијардери, кулираат на палубата.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус

Конечно не ја слушаат еуфоријата и бучавата од обичните см*тници, која во тој момент обично би им пристигнувала од плажата. Уживаат во мир. Таквата глетка ужасно ме вознемири, ме налути, очигледно заради фактот што многумина од нас не можеа доле да дојдат ни до своите родени куќи, додека некои пребогати странци пливаат пред нив. Попи*дев и разбрав дека Короната е искористена богатите конечно да се ослободат од присуството на сиромашните.

Зошто? Па со автоматизацијата на производството престана потребата за работничката класа која од својата тешко заработена надница купува глупости. Станевме вишок. Исто како и коњот по појава на парната машина, каде еден мотор замени и до 100 коњи. Одеднаш, преку ноќ, веќе не беа потребни ни коњи, ни штали, ни сено.

Популацијата на коњите драстично се намали. Нешто малку се чува за трки, циркус и татар бифтек.

Короната не ја оспорувам, умиpaaт луѓе, лежат по болници, но искористена е богатите држави конечно, без пардон, да се заклучат и изолираат од сиромашните, дефинитивно да се забарикадираат од продорот на мигранти. Загрижен сум што ние сме од оваа надворешна страна на бодликавата жица, а таа делува како дека ќе остане за постојано.

Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус

Погледнете само колку луѓе умиpaaт од paк, излив на кpв во мозокот, инфapкт. Кога во медиумите со овој интензитет би зборувале за овие навистина застpaшувачки бројки светот колективно би почнал да се однесува како да се подготвува за Олимпијада, сите би почнале да џогираат, би внимавале што јадат и пијат, никој не би пушел, само би се вежбало гимнастика и би се јадела зелена салата. Како што кажав, не сакам теории на заговор, но зошто нема никаде ни збор за тоа како да го подигнеме имунитетот?

Ова со превентивните мерки гледам како некој перверзен хуман начин да се забрза намалувањето на бројот на населението на светот. Со забранетата социјализација, шоубизнисот, забавата, туризмот, угостителството, журките, фестивалите, драстично се намалува шансата за човечка репродукција. Потешко е денес да најдеш партнер, да се расположиш, да се згрееш, да оствариш нагoн за репродукција, за тоа ви е потребна блискост, а не гледам како воопшто може под изолација, рестрикции или маски. Човекот сепак се разликува од мајмунот, потребно му е да му се распали фантазијата за да би дошло до репродукција. Во спротивно, ни мрежести чорапи, ни халтери, ни високи потпетици не би се произведувале, парфемите не би се користеле, виното не би се пиело, не би се играло танго. Значи, се рестриктивните мерки се намалува бројот на заразени, но вистинското прашање е дали се намалува и бројот на новородени?

Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус

Секако, ме прашавте што мислам, па ни самиот не сум сигурен, само се потпирам на логика, на информациите не можеш повеќе да им веруваш, па и ова што јас го зборувам морате да го прифатите со резерва. По***дев бидејќи мојата основна работа со декрет е укината, станав вишок како коњ во индустриската револуција“, заклучи Рамбо за „Време“.

Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус
Фото: Фејсбук/ Рамбо Амадеус

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button