Короната ги фрли соседите колена, не можат да се справат со пандемијата која одзеде уште пет животи
Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 39 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата порасна на 17.089, објавено е денеска официјално на сајтот на бугарската влада.
Како што се наведува, во моментов се активни 4.256 случаи, од кои 945 се здравствени работници.
Во последните 24 часа жртви на коронавирусот се 5 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 676.
Со слични проблеми се соочува и Унгарија каде од коронавирусот nочина уште едно лице, додека заболени се уште 576 лица, соопшти денеска унгарската влада. Вкупниот број на nочинати од почетокот на епидемијата порасна на 625, а заболени се 8.963.
Активни се 4.377 случаи, додека во болниците се наоѓаат 151 пациент.
Владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до социјалното дистанцирање и да водат сметка за хигиената.
Најголем дел од заболените, како што наведуваат властите, се во главниот град Будимпешта.
Унгарија долго време важеше за една од европските земји која под контрола ја држи епидемијата од ковид-19, но состојбата секако се влошува како и во останатите европски земји.