Копија на мама: Ќерката на Ирена Спасовска СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН – погледнете каква торта доби
Наследничката на македонската фолкерка славеше роденден, па мајка ѝ ѝ приреди мала забава.
Ирена објави фотографии од роденденската забава на својата ќерка.
Ирена Спасовска кога нема настапи обожава да патува и времето да го поминува со најсаканите.
Една е од ретките што може да се пофали со успешна музичка кариера, каква со сигурност помладите гнерации посакуваат.
Иако ја гази петтата деценија од животот, времето за Ирена како да запрело.
Пејачката максимално внимание посветува на својот изглед и секогаш е средена од глава до пети.
Својата линија ја одржува со вежбање.
Ирена важи за голем хедонист и секоја можност ја користи за да ужива .
Често патува и на своите профили на социјалните мрежи споделува фотографии од дестинациите кои ги посетила.
Долги години беше во врска со новиниранот Орце Геевски, но по нивната разделба Ирена повеќе никогаш не проговори за својот приватен живот.
Таа живее со својата ќерка Тамара која е нејзина најголема гордост.
Многумина велат дека Тамара е копија на својата мајка, а за тоа доказ се нивните заеднички фотографии.
Тами, како што ја вика Ирена, не тргна по стапките на својата мајка и студираше мултимедија и графички дизајн.
Тамара го прослави својот 23. роденден, а по тој повод водителката ѝ организираше мини забава на Тами во нивниот дом.
Ирена објави фотографии од роденденската забава на својата ќерка.
„Среќен 23-ти роденден, Тамара, ќерко моја единствена. Биди ми жива, здрава и секогаш среќна. Те сака мами“, напиша Ирена на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Инстаграм/ Ирена Спасовска
ФОТО: Инстаграм/ Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска