Конечно убава вест за Луна од Гевгелија за која децата продаваа крофнички и собираа пари за лекување
Битката е освоена на половина заедно двете сега ќе војуваме до крај и со Господ напред Луничка да ги преброди и двата оперативни зафати, вели мајката на ова мало девојче...
Се сеќавате ли на малата Луна од Гевгелија на која и беа потребни 65.000 евра за лекување во Турција?
Ова девојче има напредна фаза на сколиоза и треба под итно да оди на операција, но за истата беше потребна поголема сума на парични средства кои нејзините не можеа целосно да ја обезбедат.
За собирањето на паричните средства се вклучи и нејзината сограѓанка Марија, девојчето кое продаваше крофни на плоштадот во Гевгелија за да собере пари за лекување за ова болно девојче.
Подоцна на Марија со крофничките и се приклучија и други деца да продаваат заедно и да помогнат во собирањето пари.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
Пари за донација за малата храбра Луна се собираа и преку телефонски броеви како и преку многу други хумани акции.
Имаше оставено кутии за донации во цркви, а средства за лекување се собираа и преку платформата за донации „GoFundMe“.
Парите се потребни за Луна, која е болна од сколиоза во напредна фаза, да може да замине во Турција на лекување. Таа има искривување на целиот р’бетен столб кој ја поместува скелетната структура и притиска врз органите, најповеќе врз белите дробови.
Од овие причини малата Луна иако е во инвалидска количка не може ниту да седи, ниту да оди, ниту пак да лежи исправено.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
На неа и е загрозено и дишењето, така што оваа мала душичка треба што поскоро да замине на операција.
Но пред десетина дена, се огласи и нејзината мајка, Елена Поп-Костова и преку својот профил на Фејсбук соопшти една убава вест.
Таа им се заблагодари на сите што несебично помогнаа и допринесоа со својата хуманост во оваа неизвесна и гола борба за живот.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
Како што самата објави на Фејсбук, благодарение на хуманите луѓе успеале да соберат пари кои биле потребни за да се закаже операција, така што сега веќе имаат закажан термин за малата Луна.
Терминот е закажан за средината на октомври кога Луна треба да замине во Истанбул на операција, а платформата „GoFundMe“ се уште ќе биде активна за донации за дополнителни средства што ќе бидат потребни за понатамошно лекување на Луна.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
Еве што напиша мајката на Луна на Фејсбук:
Битката е освоена на половина заедно двете сега ќе војуваме до крај и со Господ напред Луничка да ги преброди и двата оперативни зафати.
Јавно би сакала да се заблагодарам на нашиот градоначалник и советниците на општина Гевгелија, Црвен Крст Гевгелија кои на самиот почеток беа со мене и ми ја држеа раката цврсто за да го изодам овој пат и успеам.
Благодарност до градоначалникот на Општина Валандово, и на господинот Даниел Глигоров кој цело време беше ангажиран за платформата „GoFundMe“ и работеше несебично деноноќно. Благодарам хумани луѓе од срце. Благодарам на сите вас кои одделивте дел од вашите средтства за да подарите насмевка на Луничка, напиша мајката на Фејсбук, а потоа го додаде и следново:
„Платформата gofound.me сеуште ќе биде активна за донација за дополнителните средства кои ни се потребни за понатамошното лекување“, напиша мајката на Луна на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
Таа исто така јавно им се заблагодари и на Отците – Отец Љупче Миланов, Отец Русе Жекоски и Отец Влатко Бојков кој донираа за Луна и собраа околу 110.000 ден за нејзиното лекување, а голема благодарност од срце му испрати и на Владиката кој испрати икона и полно благослови.
Па, ги замолуваме сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат, тоа да го направат како малата Луна би имала безгрижно детство. Истовремено и ве замолуваме да го споделите овој текст на социјалните мрежи, како истиот би стигнал до што поголем број хумани луѓе кои исто така би можеле да помогнат.
Фото: Фејсбук/ Елена Поп-Костова
Ајде да покажеме уште еднаш дека нашиот народ е хуман и да и овозможиме на оваа мала хероина безбедно лекување.
Линкот за донации на платформата „GoFundMe“ ќе го најдете тука >>