Вирално

Конечно добри вести – според најновите извештаи од Италија на чумата и се ближи крајот?

Advertisement

Според најновите информации во Италија, во последните 24 часа од вирусот животот го изгубиле 349 лица.

Advertisement

Тоа значи дека во однос на податоците од претходниот ден бројот на оние што ја изгубиле битката со болеста е помал, како и бројот на новозаразени (од 3590 на 3233). Вкупниот број на заразени сега во Италија изнесува 27.980 од кои 2158 веќе ги изгубиле своите животи од вирусот.

Најпогоден регион во цела Европа е Ломбардија. Нивниот гувернер за италијанското радио „Радио 1“ изјави дека се бележат првите знаци на успорување на вирусот додека италијанскиот премер Џузепе Конте порача дека е неопходна максимална претпазливост и почитување на драстичните мерки што се воведени. Тој нагласи дека во врска со економијата кога е во прашање корона вирусот веќе ништо нема да биде како порано и дека ќе мора да се прават нови стратегии и планови за трговија и слободниот пазар.

Инаку, Италија веќе со денови е во потполна изолација.

Advertisement

Список на работи што ВИСТИНСКИ ви требаат во случај на карантин

Основна храна:Брашно, 5 кг,Шеќер, 1-2 кг,Кафе, 500 гр,Јајца, 20-30 парчиња,Месо, 2 кг,Ориз, 1 кгДолготрајно млеко, 3-6 l (зависи од бројот на членовите на семејството),Грав, 1 кг,Кромид, 2 кгКомпири, 3 кг,Масло, 3 л,Тестенини, 3 кеси,Јаболка или друго овошје, 2 кгТост или исечен леб со подолг рок на траење. Следното може да се земе од друга храна во разумни количини:Туна, 3 лименки,Замрзнат зеленчук, 1 кг Сирење, 2 пакувања,Мед, 1 тегла,Палента, 1 кг,Замрзната риба, 2 кг, маргарин или путер, 1 кутија.Оваа количина на храна е доволна за да се хранат најразлично во карантини во текот на две недели. Се разбира, според бројот на членовите на семејството, количините можат да се прилагодат.

Потребни работи за домаќинството:Тоалетна хартија, 1-2 пакувања,средство за дезинфекција, 2 л,паста за заби, 1-2 парчиња,прашок за перење, 3-5 кг,сапун, 2 рачни или 1 литар течност,гел за туширање, 1 л,шампон, 1 литар,хартија и влажни марамчиња,стандардна домашна аптека, течност за миење садови, 1 л.

Секогаш мора да го имате ова во вашата домашна аптека, вклучително и карантин:Медицински алкохол или водород, 100 ml,Правилен термометар,Лек за намалување на температурата,Спреј за носотСируп од кашлицаХанзапласт, газа, завој….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button