Реклама
Вирално

Конечно добри вести од Италија – овие информации сите ги чекавме

Реклама

Во Италија досега се заразени 15 113 лица, а од нив 1016 го изгубија своите животи поради корона вирусот.

Откако италијанската влада воведе драстични мерки и затвори бројни трговски центри, барови, ресторани и фризерски салони, а го ограничи и движењето, очигледно мерките ги даваат и првите резултати.

Маркетинг

Тоа вчера го потврди за БиБиСи италијанскиот министер за надворешни работи Луиги Ди Мало. Имено, две недели откако десетина градови на северот од Италија прогласија црвена зона и се затворени, во нив конечно нема нови случаи на заразени од вирусот Ковид-19.

Мерките воведени во оваа земја ќе послужат како модел и во останатите земји, а некои од нив ги следат и нашата влада.

Маркетинг

Италијанците очекуваат резултатите од рестрикцијата да бидат забележани за околу две недели и дека досега ширењето на вирусот би требало да биде ставен под контрола, посебно во градовите надвор од „црвената зона“.

Според БиБиСи Италија се соочува со најголема криза по Втората светска војна. На санирањето на ширењето и последиците од корона вирусот Италијанците ќе потрошат околу 28 милијарди американски долари заради што нејзината економија најверојатно ќе потоне во длабока рецесија.

Пендаровски најави можно прогласување на кризна состојба во Македонија

Во одредени подрачја или на цела територија е можно да се прогласи кризна ситуација.

За ова пред малку информираше шефот на државата кој кажа дека за во понеделник е закажана седница на Советот за безбедност.

На седницата, според кажаното од Пендаровски се повикани сите министри, како и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот.

Пендаровски од министерот за здравство ќе бара отчет што се е преземено досега во врска со ситуацијата во државата, односно за непознатиот вирус корона.

-Доколку се влоши ситуацијата ќе се прогласи кризна состојба во одредени подрачја или на цела територија, а притоа армијата да помогне. Ако затреба, ќе се прогласи и вонредна состојба. Во понеделник ќе се разговара за сите овие теми, но сепак Советот за безбедност ќе ја донесе одлуката како надлежен-кажа Пендаровски.

Пендаровски смета дека во моментов нема потреба од прогласување на вонредна состојба. Доколку дојде до тоа, Собранието, повторно ќе се состане.

Што се однесува до полициски час претседателот Пендаровски сепак смета дека нема да се воведе, туку побара од граѓаните поголема одговорност.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button