Конечно добри вести – на нашите граѓани ќе им биде олеснето ПАТУВАЊЕТО во Европа, но ова нема да важи за сите

Нашите граѓани од 1 јуни ќе можат да патуваат во Европската унија, но само со потврда дека се вaк цинирани.

Европската комисија реши да ги прифати сертификатите за вaк цинација за било која вaк цина, а не само за оние што се признати во ЕУ. Тоа секако дека им одговара на многу наши сограѓани на кои ќе им го олесни патувањето, посебно на оние што примија руска или кинеска вaк цина.

Меѓутоа одлуката на Брисел нема да биде задолжителна за сите членки. Секоја земја ќе одлучува посебно за влегувањето на странските државјани во склад со епидемиолошката ситуација во која што во тој момент се наоѓа одредена земја.

Што се однесува до ситуацијата во Македонија, кај нас се уште не е започната масовната вaк цинација онака како што се посакуваше. Многу наши граѓани мораа да се вaк цинираат во соседна Србија, а министерот Венко Филипче како одговор на пратеничко прашање спомена дека Македонија како и многу други земји со жители од неколку милиони, се соочи со проблем големите компании да не одговараат на барањата за договор за испорака на вaк цини.

Филипче оцени дека сега вaк цинацијата се одвива добро и дека по примерот на спортската сала „Борис Трајковски“ ќе започне масовна вaк цинација и во регионални центри во нивните поголеми спортски сали.

„вaк цинацијата се спроведува успешно, во земјава вaк цина им е дадена на 35 илјади лица“, изјави Филипче.

Министерот додаде и дека бројката ќе беше многу поголема доколку навремено профункционираше ковакс-системот. Но како што изјави тој, преку овој систем сепак почнаа да пристигнуваат вaк цини во нашата земја.

Ќе важи за сите вaк цини

На почетокот од јуни стапува на сила одлуката на граѓаните од трети земји да им се признаат сертификатите за вaк цинација што ги издава нивната држава. Кога станува збор за признавање на вaк цините, внатре во Европската Унија ќе се признаат сертификатите за сите примени вaк цини против Ковид-19 без разлика дали се одобрени од Европската агенција за ле кови (ЕМА) или ги одобрува само земјата членка на национално ниво – објасни портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд.

Доколку Европскиот парламент го прифати предлогот на Еврокомората, граѓаните од Западниот Балкан би можеле да патуваат, деловно и приватно, во Европската унија со дигитални зелени сертификати кои би ги признале сте сигурни и ефикасни вaк цини. Тоа ќе помогне за заживување на европската економија, но и ќе овозможи слободно движење на граѓаните и работниците. Претседателот на Еврокомората Кристоф Лајтл апелираше на европскиот парламент што побрзо да се заврши гласањето за да можат европските граници повторно да се отворат за оваа група на граѓани.

„Апелираме на европската унија институциите брзо да го усвојат уредбите и да примената на сертификатите да започне. Важно е да се тргнат бариерите за граѓаните и економијата кои се присутни на внатрешните граници подолго од една година. Требало би да се следат пет златни принципи додека се воспоставува системот на ковид – пасошот, како тој успешно би се спровел во пракса. Меѓу златните принципи е и ставот дека сите вaк цини што се сметаат за сигурни и ефикасни треаба да бидат опфатени и меѓусебно да бидат признати“, смета претседателот на Еврокомората.

 

(Visited 677 times, 1 visits today)