Реклама
Вирално

Конечно добри вести – земјите од Балканот ќе можат во ЕУ?! Еве кога се отвораат границите

Реклама

Европската комисија излезе со предлог земјите од Западен Балкан да се најдат на листата на земји на кои од 1. јули ќе им биде дозволен влез во Шенген зоната.

Комесарката за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон вели дека во ЕУ е во ситуација од 1. јули постепено да ги укине рестрикциите на надворешните граници на ЕУ кон трети земји кои се во слична или подобра епидемиолошка ситуација.

Маркетинг

„Денеска почнуваме со консултации за составување листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез во ЕУ. Европската комисија предлага Западен Балкан да биде на таа лист од 1. јули“, вели Џонсон.

Во Европската комисија ги повикаа земјите членки на ЕУ и членките на шенген зоната во понеделник на 15 јуни да ги укинат контролите на внатрешните граници во рамките на Шенген, воведени поради сузбивање на ширењето на пандемијата од Ковид-19.

Маркетинг

– Епидемиолошката ситуација во цела ЕУ се подобрува забрзано. Европскиот центар за контрола и превенција на зарази оцени дека контролите на внатрешните граници меѓи членките на ЕУ не се ефикасен начин во борбата со ковид-19, наведува Џонсон.

Таа додава дека препораките на ЕУ за рестрикциите на надворешните граници на ЕУ за сите патувања кои не се од суштинско значење завршуваат на 15. јуни, но земјите членки барале кратко продолжување на тие рестрикции.

„Сега наша препорака е да ги продолжиме привремените рестрикции на патувања во ЕУ кои не се од суштинско значење до 30 јуни.

– Сѐ уште не сме во можност потполно да ги кренеме сите рестрикции за патувања на сите надворешни граници на ЕУ, но почнуваме постепено до 1. јули, нагласува Џонсон.

Таа додава дека целиот процес мора да биде координиран, а најважна цел е заштита на јавното здравје.

Критериумите кои би требало да бидат земени во предвид при постепеното отворање на надворешните граници на ЕУ кон трети земји се епидемиолошка ситуација, мерки за заштита во текот на патувањата како и принципи на реципроцитет, односно доколку ЕУ ги отвори границите за влез во Шенген кон трета земја и таа би требало да ги отвори своите граници за сите членки на ЕУ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button