Реклама
Вирално

Колку се платени нашинците кои се на печалба во Германија? Просечната плата е 2950 евра, но …

Реклама

Постои мислење дека во Германија платите се високи, но дали навистина е така откако ќе се одбијат сите даноци.

За овие математики неодамна се позанимава „Дојче веле“ според кои просечната месечна бруто плата во Германија за 2018 година изнесува 2950 евра. Но просечната нето плата, значи онаа која што ја добиваат вработените, откако ќе се одбијат даноците, всушност е 33 отсто помала.

Маркетинг

Што значи дека реалната просечна плата во Германија е 1945 евра, а разликата од околу 1000 евра помеѓу бруто и нето платата се дава на државата во вид на даноци и давачки за разни осигурувања.

Висината на данокот кој месечно се одбива од платата зависи од даночната класа на вработениот, односно дали живее во брачна заедница, дали е самохран родители, дали неговиот/нејзиниот брачни партнер работи, дали едниот брачен партнер заработува значително повеќе, дали работи на повеќе работни места, и сл. Па така „Дојче веле“ илустрираше разлика во бруто и нето плата на два примера – за брачен пар со две деца каде едниот партнер заработува значително повеќе од другиот и има просечна германска плата од 2948 евра месечно и за самец кој е без деца и кој има исто толкава плата.

Маркетинг

На таткото или мајка на две деца, откако ќе му се одземат сите даноците и останати давачки ќе останат 2209 евра кои ќе му легнат секој месец на сметката.

Од друга страна оној што живее без брачен партнер и нема деца, на сметката на која му се уплаќа бруто плата од 2948 евра ќе му останат само 1944 евра, бидејќи данокот за него е значително поголем.

Покрај ова, ќе мора да плати и 22 евра данок за солидарност од кој таткото и мајката на две деца од претходниот пример се ослободени. И доколку е член на католичка или протестантска заедница, тогаш на сметката ќе добие уште околу четириесетина евра помалку (црковен данок).

Но да не заборавиме дека просечната плата всушност е апстрактен податок и не зборува за тоа колку се добри или лошо платени одредени занимања. Разликата помеѓу оние кои се на врвот на листата и оние на самото дно е огромна. Па така докторите кои имаат титула на примариус заработуваат во просек повеќе од 120.000 евра годишно, што значи повеќе од 10.000 бруто месечно, нешто помалку менаџерите во трговскиот и финансискиот сектор, а триесетина евра годишно помалку заработуваат лекарите специјалисти.

Од друга страна, оние кои се на дното на оваа листа, одвај врзуваат крај со крај. На неславно последно место се работниците што работат во кујна кои заработуваат во просек помалку од 2000 евра месечно бруто, додека келнерите и фризерите заработуваат само неколку десетина евра повеќе. Меѓу најлошо платени занимања се и агентите во кол-центри, негуватели и возачи на камиони. Значително пониска од просечна германска плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство (во јавните здравствени институции), како и воспитувачите во градинки.

Германија е една од земјите во Европската унија со законски пропишана минимална плата по час. Таа во моментот изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германија имаат уште четири други членки на ЕУ: Белгија, Ирска, Холандија и Франција. Најниска минимална плата по час има Бугарија (1.72 евра), а нешто повисока од неа се Летонија, Романија, Унгарија и Хрватска (не заборавајте дека и тука се работи за бруто износи, што значи нето платата е 33 % помала).

Па дали платите во Германија навистина се големи или во прашање е мит?

Гледано од аспект на Македонија, тие се значително повисоки, но гледано од перспектива на Швајцарија, Луксембург и Данска тие се пониски. Тоа го покажуваат и статистиките и бројките, се вели во текстот.

На крајот од текстот „Дојче веле“ констатира дека кога станува збор за висина на плата, секогаш треба да гледаме во поширок контекст – колкави се трошоците за живот, пред с за храна и сместување, напоменувајќи дека во 2017 едно просечно германско семејство во просек трошело 2517 евра од кои околу 897 евра биле трошоците само за стан, струја и сл.

Нов закон од 8 март

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најголема економска сила во во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата, а голема е бројката и од земјите кои се надвор од Унијата.

Но очигледно дека тоа не е доволно, па германската влада има план да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката што деновиве се најде на социјалните мрежи.

Пораката на Меркел

Таа пораката ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година.

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Меркел потсети дека во Германија пред 15 години имало околу пет милиони невработени, додека сега компаниите се соочуваат со сериозен проблем заради недостаток на квалификувана работна сила. „Мораме да вложиме дополнителни напори за да најдеме квалификувани работници. Инаку компаниите ќе мораат да заминат на друго место. Секако дека тоа не смееме да си го дозволиме“, истакна Меркел.

Новиот закон што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унија, а законот треба да стапи во сила од 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има „очајни“ потреби од нив, како што вели во својата порака Меркел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button