Наши ѕвезди

Кое е девојчето од Македонија што освои Гран-при на престижниот музички фестивал во Белград?

14-годишната Тамара го посетува музичкото училиште на Андријана Јаневска каде што се подготвува за натпревари, но и за своите нови проекти

Advertisement

Уште еден голем успех за девојчето со ангелски глас

На еден од најдобрите меѓународни детски фестивали во регионот Angel Voie кој се одржа во Белград од 6 до 10 мај, наградата „Гран -при“ ја однесе младата Македонка.

Advertisement

Станува збор за гостиварскиот „златен глас “, Тамара Грујеска, која со својот беспрекорен глас го освојува регионот.

На оваа музичка манифестација учествуваа квалитетни изведувачи од повеќе европски земји, а Тамара покрај „Гран-при“ наградата беше прогласена и за победник во нејзината категорија „teen“.

Advertisement
Фото: Фејсбук

Оваа млада и талентирана пејачка од Македонија настапи со песните „I surrender“ од Селн Дион и нумерата „I See Red“ на „Everybody Loves An Outlaw“ и ги воодушеви сите со својата интерпретација и настап.

Фото: Фејсбук

Манифестацијата се одржа во театарот Академија 28 во елград, а Тамара покрај својот глас пленеше и со изгледот.

Фото: Фејсбук

Имено, за нејзиниот изглед се погрижи македонската дизајнерка Ива Спасовска така што Тамара блескаше како вистинска ѕвезда.

Фото: Фејсбук

Потсетуваме, „гостиварската дива“ минатата година ја претставуваше Македонија на Јуниор Евровизија во Ница.

Фото: Фејсбук

Таа тогаш настапи со песната „Кажи ми кажи ми кој“, дело на тандемот Роберт Билбилов и Дарко Димитров.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button