Кога ќе ја сретнат, многумина не можат да поверуваат – ќе се изненадите од тоа каде сака да купува Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, за себе вели дека живее како и „сиот нормален свет“, дека оди по намирници на пазар, купува од кинески продавници и слично.

„Сакам да одам на пазар. Бидејќи не можам да се пофалам со кој знае какво знаење во кујната, поради тоа редовно одам на познатиот белградски Калениќ пазар, каде пазарам овошје и зеленчук. На тој начин допринесувам во кујната“, изјави за порталот „Хит Информер“ ќерката на Цеца која неодамна го прослави својот 21 роденден.

ADVERTISEMENT

Покрај тоа што оди на пазар, таа редовно купува и од кинески продавници, па се чуди зошто луѓето што ќе ја видат во такви продавници се изненадени.

„Не гледам зошто на некој му е чудно тоа што купувам од кинески продавници. Всушност на мене ми е чудно тоа што луѓето толку се изненадени, сите пазариме во продавниците кај Кинезите и не гледам ништо страшно ниту пак лошо во тоа“, вели младата пејачка.

 

Facebook Comments
(Visited 378 times, 1 visits today)