Кога ќе видите како Тамара ужива со својата ќеркичка и сопругот ќе се воодушевите
Пејачката ужива во друштво на своето семејство
Повеќе од очигледно е дека Тамара Тодевска (34) ужива кога патува во друштво со своето семејство. Тоа можеме да го видиме од фотографиите што деновиве ги објави на социјалните мрежи од нејзиното патување низ Венеција и Верона. На патувањето заедно со неа е нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка и нивната ќеркичка Хана.
Ако судиме според фотографиите што Тамара ги објави на социјалните мрежи, сите тројца уживаат на патувањето. Ова за Тамара и Александар претставува апсолутна релаксација, а на фановите омилена им е онаа на која се гледа како мама и ќерката ги хранат галебите.
Пејачката повеќе пати има истакнато дека Хана е едно весело детенце и дека не ја трга насмевката од лицето, а во тоа сега можеме да се увериме и ние од овие преубави заеднички фотографии.