Холивуд

Кога непослушниот фустан ќе го открие она што ниту една жена не сака да го покаже (фото)

Advertisement

Криси и во ова издание не помина незабележано …

Advertisement

Манекенката Криси Тајген неодамна беше критикувана поради вишокот килограми што го „насобра“ за време нa бременоста, а и покрај тоа што успеа да се одбрани од хејтерите на нејзин својствен начин и да не им остане должна, по се изгледа дека злите јазици ја погодуваат.

Имено, таа деновиве на еден настан се појави во преубав двобоен фустан од „Dodo Bar“ што го носеше со сребрени сандали од „Stuart Weitzman“ но наместо фустанот во преден план беше она што го крие под него.

Advertisement

Непослушниот асиметричен модел со долг прорез во еден момент го откри мидерот што го носеше под фустанот и кој се обиде да го сокрие така што левата ногавица беше отсечена, односно онаа од страната каде што е отворот на фустанот, но очигледно тоа го направила неуспешно. Будното око на фотографите го забележаа овој момент, па некои веднаш почнаа да ја критикуваат на социјалните мрежи, а нејзиното феноменално издание остана во втор план.

Убавата мама на Луна и на синот Мајлс Тодор кој го роди пред пет месеци, неодамна отворено зборуваше за тоа дека е свесна за промената низ која поминува нејзиното тело по двете бремености, а на социјалните мрежи отворено зборуваше за промените, објавувајќи дури и видео со стриите.

 

https://www.instagram.com/p/Bjn3s27njw6/?utm_source=ig_embed

 

Но на Криси очигледно не и е сеедно, а кога пред извесен период беше критикувана за пребујните гради и евидентно поинаквиот изглед на нејзиното тело, познатата убавица иронично им врати на хејтерите – „Неодамна родив, но ви благодарам што толку се грижите за мене“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button