Ковачевиќ со месеци се нема појавено во јавност заедно со Зорана – ПОРАНЕШНАТА на Богдан Срејовиќ е вистинска убавица!
Саша Ковачевиќ и неговата сакана Зорана Тасовац се појавија заедно во јавноста и сите зборуваат за нив.
Тие двајцата наводно повеќе од половина година се немаат појавено заедно во јавноста, па затоа сите беа поприлично изненадени кога Зорана во друштво на своето момче се појави во еден белградски клуб.
Како што објавија медиумите, Зорана и Саша се појавија држејќи се за рацете, а присутните беа воодушевени од атрактивната поранешна сопруга на Богдан Срејовиќ.
Имено, Зорана беше во брак со поранешното момче и колешка на Ковачевиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ. Но нивниот брак траеше многу кратко, а од него ја имаат ќерката Исрка која има фантастичен однос и со Саша.
Инаку, Саша вчера имаше одличен настап во Скопје, на кој беа присутни и многу наши познати ѕвезди.
Инаку, Саша, покрај тоа што вредно работи на својата музичка кариера, во слободното време тренира и максимално и’ е посветен на својата девојка, но и на својот ресторан „Westru 65“ што го има отворено во Нов Белград.
Неговиот последен хит „Лажу те љубави“ веќе неколку недели не се симнува од трендинг листите, а неодамна во интервју за „Хит Информер“, Ковачевиќ раскажа дека се во тек и подготовките за венчавка.
Тој притоа откри и дека нема да се заколнат на вечна љубов во својата родна земја, туку на една егзотична дестинација.
Пејачот меѓу другото се осврна и на ќерката на Зорана, Искра, истакнувајќи дека го вика „папа“ и покрај тоа што е многу блиска со Богдан.
Богдан и Зорана и по разводот имаат одлични односи, и тоа најмногу заради нивната ќерка. Тие кратко време беа во брак, па откако нивната љубов се „потрошила“, и двајцата одлучиле дека е најдобро да се разделат.
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ