Британската актерка изгледа одлично во овој фустан
Познатата актерка Кира Најтли (32) ги изненади сите кога со нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон, пејачот на групата „Клаксонс“, се појави на ревијата на модната куќа „Chanel“ во склоп на Модната недела во Париз, во „Le Grand Palais“. Тие и покрај тоа што се во среќен брак четири години и имаат двегодишна ќерка Еди, многу ретко се појавуваат заедно во јавноста, па нивните верни обожаватели не го криеја своето изненадување на социјалните мрежи.
Кира за оваа пригода избра фустан со средна должина од познатиот француски бренд чие заштитно лице е токму таа. Станува збор за креација од нивната „котур“ колекција за пролет-лето 2018 направена од „шанеловското“ букле во нежна пурпурна боја, а целата комбинација ја заокружи со златно жолти високи потпетици од кадифе од „Mary-Јane“.