Ким Кардашијан по кој знае кој пат успеа да ги воодушеви своите милионски фанови на социјалните мрежи.
Таа со една од своите последни фотографии за помалку од 20 минути доби милион и пол лајкови и преку 20 илјади коментари.
Во прашање е семејна фотографија на која позира целото семејство Вест. Ким го држи во своето крило најмладиот Псалм, а познатиот репер ја држеше Чикаго, додека Сент и Норт Вест ноншалантно седат до својата позната мајка.
„Семејството Вест, Божиќна честитка“ 2019, напиша Ким.
Инаку, познатата ријалити ѕвезда деновиве не воодушеви и со едно од нејзините последни модни изданија.
Имено, и таа како и многу други познати дами не можеше да му одолее на трендот со панталоните направени од латекс. Таа изгледаше беспрекорно во нив, иако во прашање е модел со кој многу лесно можете да згрешите.
Но Ким го направи тоа на вистинскиот начин и са сите ни покажа како треба да го носиме овој тренд.