Ким Кардашијан објави прва фотографија од синчето Псалм – бебето за само еден час доби преку три милиони лајкови

Новата фотографија на Ким Кардашијан за само еден час собра преку три ,илиони лајкови и илјадници убави коментари.

Но овој пат таа не е главната ѕвезда на фотографијата, туку нејзиниот син. Имено, ријалити ѕвездата објави прва фотографија од својот син Псалм, односно прва на која тој е во крупен кадар и ги воодушеви сите.

ADVERTISEMENT

Фотографијата е направена додека бебето спие, а фановите се согласуваат дека личи на нејзината постара сестра Чикаго.

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Тоа го призна и самата Ким и тоа еден ден откако се роди. „Тој е тука и совршен е. Уште сега изгледа како да му е близнак на Чикаго. Сигурна сум дека ќе се менува, но сега изгледа како неа“, напиша тогаш Ким на Твитер.

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Само да потсетиме, Псалм е роден на 9 мај оваа година и тоа од страна на сурогат мајка чин идентитет не е познат на јавноста. Ова е четврто дете на славната 38 годишна старлета и реперот Кајне Вест, а второ кое што го имаат на овој начин.

Ким ќерката Норт и синот Сеинт ги роди по природен пат, а поради компликациите со здравјето повеќе не можеше да ризикува со ваков чекор, па Чикаго и Псалм се зачнати со помош на сурогат мајчинство.

Facebook Comments
(Visited 77 times, 1 visits today)