Ким Кардашијан НЕ престанува да се фали – имам 53 килограми и се чувствувам совршено
Ким Кардашијан Вест во своето големо интервју за „E!News“ откри како своето тело го донесе до совршенство.

Познатата старлета и сопственичка на козметичкиот бренд „KKW Beauty“ вели дека секојдневно вежба по час и половина, и тоа интензивно. „Кардио вежбите ги практикува ретко, но да бидам искрена, вежбам како манијак веќе година дена заедно со бодибилдер“ вели Ким и додава дека успеала да изгуби девет килограми и се гордее со тоа.

„Откако знам за себе имам 63 килограми, а сега можам да се пофалам со 53 и поради тоа навистина се чувствувам прекрасно. Резултатите од интензивните тренинзи не го забележав веднаш, но кога сте упорни и конзистентни, ќе ги забележите брзо“, вели таа.
https://www.instagram.com/p/BmyY9dsFX9r/?taken-by=kimkardashian
Покај времето поминато во теретана, Ким исто така се’ поголемо внимание посветува и на исхраната, исфрлајќи значителна количина шеќери кои до неодамна ги консумираше . „Не внесувам шеќери како некогаш. Научив да се хранам многу поздраво, додека порано јадев се што ќе ми паднеше на памет. Научив како да се контролирам и не сакам да се вратам на старите килограми“, истакнува Ким но и признава дека понекогаш си дозволува да се почести со сладолед од познатиот американски бренд „Häagen-Dazs“.
https://www.instagram.com/p/Bmvd4xXFZ_x/?taken-by=kimkardashian



