Реклама
Наши ѕвезди

Ким Кардашијан ги налути фановите – на мисата за Коби Брајант се појави облечена како за на свадба

Реклама

Познатата ријалити ѕвезда не пропушта прилика да се појави во провокативно издание, но овој пат претера.

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Имено, Kим Кардашијан беше една од славните дами која во Лос Анџелес се појави на мисата која се одржа по повод несреќата во која животот го изгуби кошаркарската легенда Коби Брајант заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка Џијана. Несреќата се случи во близина на имотот на постарата сестра на Ким, Кортни Кардашијан.

Но сите беа непријатно изненадени што познатата старлета за оваа пригода избра шокантна комбинација – од глава до пети носеше бела боја, и тоа фустан со максимално провокативен шлиц како и елегантни сандали со високи потпетици кои исто така не беа добро решение за ваков настан.

Маркетинг
Профимедиа

Фотографиите веднаш го заобиколија светот, а многумина на социјалните мрежи коментираа дека Ким можела овој фустан да го задржи за некој настан на црвен килим, но и дека во животот постојат ситуации во кои нејзините нозе не мора да се во центарот на вниманието.

Профимедиа

Што мислите вие – дали Ким овој пат претера?

Маркетинг

Каков татко, таква ќерка

Малата Џиџи ја делеше страста за кошарката со својот татко. Тие тренираа заедно, а заедно и заминаа во легендите.

Постојат потези кои Коби ги изведуваше најдобро на светот, а неговата ќерка очигледно од него ги наследи гените.

Погледнете ги нејзините движења на теренот:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button