Кејт Холмс и во издание што секоја жена може да си го дозволи изгледа како модна икона

Кејт Холмс се прошета низ Њујорк и ги воодушеви сите

Познатата актерка Кејт Холмс во комбинација од „mom jeans“ и преубав капут ги освои љубителките на „street style“ комбинациите, па во продолжение погледнете и неколку street style парчиња за кои сме сигурни дека би и стоеле убаво и на актерката.

ADVERTISEMENT

Убавата и елегантна мама Кејт Холмс е кралица на комбинациите во кои „помалку значи повеќе“. Таа во своите плакари има шик парчиња од кои може да направи беспрекорни изданија, а меѓу омилените сигурно и се и фармерките со опуштен крој од кои не се одвојува во последно време.

Но токму ваквите фармерки кои некогаш беа главен дел во работничката облека на италијанските морнари се еден од водечките трендови за оваа есен. А тоа многу добро го знае и Кејт која секојдневно не учи како да носиме фармерки на впечатлив начин – од skinny до baggy модели.

Таа целото издание го заокружи со тренди капут со интересен кариран дезен, високи потпетици, ретро очила за сонце и црна чанта што ја „фураше“ на потполно шик начин.

Massimo Dutti

Погледнете неколку модели со кои можете да го позајмите беспрекорниот стил на убавата актерка.

Stradivarius

Zara

Zara

Zara

Zara

Zara

H&M

 

Facebook Comments
(Visited 80 times, 1 visits today)