Кејт Мидлтон не води типичен живот на една мајка.
Поради бројните обврски што ги има како член на кралското семејство, таа има помош во чувањето на своите три деца – петгодишниот принц Џорџ, тригодишната принцеза Шарлот и принцот Луј кој има девет месеци. Но, тоа не значи дека секогаш има поддршка, откри таа самата за време на состаноците што беа организирани од страна на здружението „Family Action“.
Мајчинство може да биде тешко, многу мајки понекогаш се чувствуваат осамени, а таквите чувства и се познати и на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
„Тешко е. Многу тешко. Имате помош и поддршка, особено во првите денови по породувањето, но по првиот роденден на детето помошта што ја добивате значително се намалува. После тоа, ќе немаат друг избор освен да прочитате многу книги”, вели Мидлтон, а објави магазинот People.
Иако Мидлтон не минува низ стресни ситуации како некои мајки кои не се вработени, или кои се грижат како на децата да им купат нова облека, или пак затоа што не можат да си дозволат дадилка, сепак и таа се соочува со некои проблеми. Понекогаш се грижи дека не поминува доволно време со децата, а понекогаш и недостасува лице со кое ќе може да зборува и да го размени искуството.
„Секоја мајка ја води истата борба”, вели таа.