Реклама
Холивуд

Кејт во најубавите пролетни панталони што сме ја виделе досега

Реклама

Уште едно прекрасно издание на војвотката

Фото: Гуливер/ Гети

Само еден ден откако Меган Маркл и принцот Хари добија син, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на свеченото отворање на трката во Кралскиот куп во Лондон. По тој повод убавата војвотка од Кембриџ се појави во одлично секојдневно издание составено од безвременски модни класици од кои еден не излегол од мода повеќе од 200 години.

Во прашање е т.н. Бретон кошула со хоризонтални црни и бели линии кои во почетокот на 1900 година ги прослави легендарната Коко Шанел. Тоа беше одличен избор за оваа прилика, бидејќи некогаш овој дезен беше дел и од униформата на француската морнарица.

Маркетинг

Кејт блузата со риги ја носеше ставена во модерните пролетни панталони со висок струк и со широки ногавици, со ¾ должина и украсени со големи, бели копчиња, додека на нозете носеше салонки во иста боја со блок потпетици.

Маркетинг

Војвотката целото издание го заокружи со црвена плико чанта и впечатливи висечки обетки, а не воодушеви и со својата совршено исфенирана коса.

Па, дали ви се допаѓа Кејт во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button