Кејт бремена четврти пат? Војвотката овој пат носи близнаци, а Вилијам е сериозно загрижен за нејзиното здравје
Велика Британија е на нозе поради гласините дека Кејт Мидлтон, според пишувањето на британските таблоиди, повторно е бремена.
Кејт Мидлтон, наводно, четврти пат е бремена и носи близнаци, пишува таблоидот „Глоуб“. Меѓутоа како што пишуваат, принцот Вилијам е многу загрижен зошто Војвотката од Кембриџ има проблеми со трудничка хипермезија. Во прашање е трајно, со бременоста предизвикано, повраќање кое предизвикува дехидрација, често со нарушување на електролити, кетоза и слабеење.
Како што се наведува, Кејт со овој проблем и во претходните три бремености.
Кејт Мидлтон неодамна во разговор во емисијата „Среќна мајка, среќно дете“ рече дека цело време се грижела дали ќе биде добра мајка, додавајќи дека „мајките кои велат дека не се грижат поради тоа, всушност лажат“.
– Да се доведуваат во прашање сопствените одлуки, сопственото мислење и сите тие работи, тоа почнува кога ќе добиете дете – рече таа и додаде:
-Целосно го потценив влијанието и промената која тоа ја внесе во нашиот живот.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, да потсетиме, ја имаат ќерката Шарлот (4) и синовите Џорџ (6) иЛуис (1).