Познатите девојки ги разочараа сите со своите комбинации
Каја Гербер и Кендал Џенер се појавија на црвениот килим на CFDA наградите и ни покажаа дека и тие можат да погрешат кога е во модата во прашање. Ова особено се однесува за ќерката на Синди Крафорд, Каја, која соработува со познатата стилистка Мими Катрел поради која таа е меѓу најпознатите млади модели на денешницата.
Каја и Кендал и покрај тоа што не беа меѓу наградените, тие поради популарноста беа во центарот на вниманието, но и меѓу најлошо облечените девојки на настанот. Тоа особено се однесува на Кендал Џенер која се појави во асиметричен фустан со пердуви и виолетови салонки со високи потпетици (кои беа единственото нешто ОК во нејзината комбинација), додека нејзината колешка, Каја Гербер (16) во склад со своите години носеше шорцеви, кошула со риги и црни хулахопки истакнат натпис „Alexander Wang“.