Келнер открива зошто во рестораните прво се служи леб: Причината ќе ве шокира, а има логика
Куварот Рус Адамс од Вашингтон откри на социјалната мрежа “Quora” зошто репд конкретната храна во рестораните посетителите добиваа пециво, лепињи или леб, а всушност тоа е многу логично. Своето мислење го споделија и уште некои корисници.
Како прво, од овие пецива ќе бидете жедни. Жедните луѓе потоа порачуваат уште пијалок, а тоа значи и подобра заработувачка. Второ, лебот или било што слично го поттикнува варењето и од него може само дополнително да огладните.
Токму затоа се случува луѓето да порачаат повеќе отколку што можат да изедат, а подоцна велат дека се залетале. Последната причина е таа што кога луѓето во рестораните имаат занимација, што во овој случај е јадењето леб, тогаш не се досадни и не ги бараат постојано келнерите – напиша Адамс.
Ова прашање има над 100 одговори, а овој на Адамс е прегледан над 113.000 пати. Еве уште некои објаснувања.
„Се сложувам со тоа дека кога нешто ќе добиете, сигурно тоа ќе го запаметите и повторно ќе се вратите во тој ресторан. Можеби ќе оставите и поголем бакшиш“, напиша еден корисник.
Се јави и Џо Колела која некогаш бил сопственик на ресторан и го сподели своето искуство.
„Повеќето луѓе премногу размислуваат за одговорот. Единствена причина поради која ние на луѓето сме им давале леб пред главното јадење беше за да се забави самата порачка, односно куварите да можат се да подготват. Келнерот ќе ја земе порачката од луѓето според редот по кој доаѓале, а додека чекаат на посетителите им се дава леб. Да заклучиме, ова нема никаква врска со тоа дали келнерите се добри и љубезни и сакаат да ви подарат леб, туку едноставно го користат овој трик поради себе“.