Кај неа прво што ќе забележите е совршена шминка и харизма – таа е една од најдобрите бјути блогерки во Македонија
Погледнете го ова интересно бјути видео на Александра
Кога прв пат ќе ја сретнете на Инстаграм или кога прв пат ќе погледнете некое нејзино видео за козметика и шминкање, сигурни сме дека ќе се воодушевите. Станува збор за Александра од Скопје, авторка на блогот Im Alekk Potter која со својата неверојатна енергија и харизма, талент за шминкање и прекрасни фотографии важи за една од најдобрите бјути блогерки во Македонија. Александра е студентка на Архитектонски факултет во Скопје, а својата страст кон шминкањето редовно ја споделува на својот веб и на социјалните мрежи инспирирајќи ги жените со нејзините совети.
https://www.youtube.com/watch?v=H2Mbidqy5Vc
Во морето блогерки, Александра со својот оригинален стил се издвојува од сите, а нејзините видеа преставуваат вистинска ризница за сите кои бараат инспирација за разубавување.