Касиерка (39) со денови крадела пари од маркет: Доби шест месеци условен затвор, но НЕ И ОТКАЗ!

Неодамнешниот судски случај во Хрватска имаше необичен епилог кога 39-годишна жена, касиерка, беше прогласена за виновна и осудена за кражба на промет од два дена во маркет, но не беше отпуштена.
Според пресудата, се се случило во маркетот Студенаc во Загреб во август минатата година. Касиерката (39), која била и шефица на мала продавница во тој реон, е обвинета дека два дена по ред од касата одзела вкупно 2.180 евра.
„Со намера неовластено стекнување пари што и биле доверени како дел од работните задачи, од 1 и 2 август ги зела и си ги задржала дневните промети во вкупен износ од 2.179 евра, при што го оштетила Студенац“, се вели во пресудата.

Таа е осудена на шест месеци условна казна. Меѓутоа, она што многумина ги изненади е фактот што касиерката не добила отказ од работното место.
Касиерката, инаку, е самохрана мајка, засега неосудувана. Судот и нареди да ги врати парите на фирмата, а во пресудата донесена неодамна се наведува дека таа се уште работи во Студенац.




