Каролина се појави пред нашата публика во минијатурно здолниште и сите ги распамети со својот стас
Каролина во несекојдневно издание ја воодушеви публиката

Погледнете како изгледаше нашата дива
Пејачката Каролина Гочева покрај тоа што е синоним за одлична музика и добра забава, таа секогаш плени и со својот изглед.
Тоа посебно се однесува на нејзините сценски изданија во кои секогаш блеска како светските диви, а така беше и сега.
Имено, Каролина имаше одличен настап претходниот викенд покрај Охридското Езеро (Парк Голден Бич), а покрај тоа што пејачката маестрално ја забавуваше публиката изведувајќи ги своите најголеми хитови, оние што беа присутни можеа да уживаат не само во нејзиниот вонсериски глас, туку и во нејзиниот стас.
Инстаграм/ Каролина Гочева (А. Котевски)
За пејачката и овој пат се погрижи стилистката Јована Зука, а креацијата што ја носеше беше со потписот на генијалната Јована Филиповиќ, една од нашите најпознати и најуспешни модни дизајнери.
Инстаграм/ Каролина Гочева (Р. Спироски)
Како Каролина изгледаше во ова свое издание, но и неколку интересни стајлинзи од нејзиното романтично патување во Италија каде беше заедно со сопругот, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Каролина Гочева (Р. Спироски)
Погледнете ги и останатите фотографии…