Каролина го распамети народот кога се појави во ова провокативно издание – цело Скопје играше со неа
Нејзиното издание никого не остави рамнодушен
Имаше публика од Скопје, но и од другите градови во Македонија
Каролина Гочева (43) имаше спектакуларен настап по повод отворањето на новиот трговски центар „Дајмонд мол“.
Концертот беше на отворено пред самиот трговски центар каде пејачката настапи пред неколку илјади луѓе.
Пејачката не го криеше своето воодушевување кога излезе на бината и призна дека не очекувала да има толку многу публика.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа ги поздрави сите и заедно со публиката ги испеа своите најголеми хитови, а за веселата атмосфера беше наградена со громогласен аплауз.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Но покрај тоа што направи концерт за паметење, Каролина ги воодушеви сите и со своето издание со кое се појави на сцената.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Пејачката која во петтата деценија од животот може да се пофали со негувано лице и витка линија за оваа пригода избра комбинација која и стоеше феноменално и едноставно блескаше.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа од глава до пети беше облечена во црно, а кусиот долен дел на фустанот ги истакна нејзините убави нозе.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина носеше елегантни црни сандали со тенки високи потпетици со кои одлично се снајде на сцената, додека деталите со пердувите на кусото здолниште и црниот мрежест дел во пределот на деколтето дополнително го „зачинија“ целиот стајлинг.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Нејзиниот изглед дефинитивно ги воодушеви нејзините фанови кои би сакале почесто да ја гледаат во вакво издание.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Па, дали ви се допадна ваквиот имиџ на Каролина?